Мицковски ветува дека нема да го повтори минатото, се откажува од оние што се огрешиле

Еден говорник и две имиња на транспарентите на собирот наречен Обновата доаѓа а организиран од ВМРО ДПМНЕ. Пред членстовто на најголемата опозициска партија се обрати единствено Христијан Мицковски, на речиси секое второ знаменце кое го дибија присутните провејуваа две имиња, Мицковски и Македонија. Речиси и да не можеше да го започне својот говор од скандирањата и песните.

Во говорот сепак помалку критикуваше повеќе ветуваше. Победа на 12-ти април. Но вели премиерот Зоран Заев ќе се пензионира за само 13 дена. Порача дека партијата ќе му слугува на народот и нема да ги повтори грешките од минатотот.

Според Мицковски, Заев се лажел дека само со како што рече промена на идентитетот земјава ќе биде наградена со влез во европската унија.  Криминалот владее, а правда нема. Ветингот во судството смета дека само ќе донесе како што рече нови катици, Русковски, Кацарски. Не пропушти ниту да го спомене случајот Рекет.

Ова е последна од серијата средби со граѓаните на претседателот на најголемата политичка партија ВМРО ДПМНЕ. Од таму се уште нема одговори кои ќе бидат нивните предлози за технички министри во владата за спроведување на изборите.  

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ