Мицковски под лупа на ДКСК, тој ја повика да го истражи и имотот на Заев, Манчевски, Анѓушев

Лидерот на вмро дпмне Христија Мицковски под лупа на Антикорупционерите. Отворија два предмети за него по допрен глас. Првиот е за да истражат како  фирмата “Енерготек” во која сопственик е Мицковски но и членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, стигнала до државно земјиште и концесии за изградба на хидроцентрали.

Истрагата е отворена после вчерашната изјава на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов кој ја прозва антикорупциската комисија.

Вчера од СДСМ обвинија дека компанијата на Мицкоски, заедно со компанијата “Минка” основала конзорциум “Mинка Eнерготек”.

Тогашната влада на конзорциумот му дала концесии за користење вода за изградба на хидроцентрали на реката Брегалница и на Клепалска река. Според СДСМ фирма „Енерготек” од владата добива 33.000 метри квадратни државно земјиште во време кога, како што рекоа од СДСМ, Мицковски е и советник на тогашниот премиер Никола Груевски и директор на ЕЛЕМ.

На ова реагира Мицковски. Ја поздрави експедитивноста на антикорупционерите но ја охрабри со исто темпо да го проверат имотот на премиерот Зоран Заев.

“По ист допрен глас кој сметаме дека треба исто да вреди за антикорупционерите како оној на власта, бараме да се испитаат повеќето дозволи за хидроцентрали на вицепремиерот Анѓушев,да ги испитаат сомнежите за грчки фирми на министерот Манчевски, и фирмите за марихуана на Заеви. И кога не би бил последен ден од кампања и Заев не би ги злоупотребувал институциите за ваков смешен политички маркетинг за да го покрие поразот би го повикале обвинителството да поведе постапка против Зоран Заев за кривично дело спречување истрага за двајца негови функционери за што постои и јавно признание од премиерот” – вели во својата реакција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

На крај Мицковски ја поправа антикориупциската дека додека бил директор на ЕЛЕМ не бил советник на екс премиерот Никола Груевски туку на техничкиот Емил Димитриев и малку време и на актуелниот Зоран Заев.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ