
Мицковски: Нобеловецот Заев и СДСМ ќе доживеат жесток пораз
На денешниот протестен марш во Прилеп лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвини дека народот се чувствува изневерен, ограбен и понижен од политиките на оваа Влада. Тој порача дека нобеловецот Заев и СДСМ ќе доживеат жесток пораз.
-Ми велат до кога ќе критикувате, а кога ќе почнете да нудите нешто. Ќе критикуваме се додека не ги обелодениме сите лаги и нереализирани ветувања и неисполнети очекувања, за народот да и каже доста на власта. Нам ни требаат искрени и чесни политичари, а нашата цел и визија е Македонија да биде технолошки тигар на Баканот. Поради зголемените даноци, гoлем број македонски граѓани ќе останат без работа поради даночната политика на Зоран Заев и неговите соработници на кои им се битни провизиите. Но голем дел ќе заминат од земјава, а ќе загуби домашната економија, рече Мицковски.
Критикувајќи ја власта, Мицковски ги најави протестните маршеви и во првите месеци од наредната година се до претседателските избори кога, како што рече, ќе ја има првата победа и најава за предвремени парламентарни избори. Донесоа црнила и темнина, а ние имаме обврска да ја донесеме зората која ќе навести нов ден, нова надеж и правдина за секој граѓанин за да ги вратиме оние што заминаа од Македонија, рече Мицковски.
-Многу ветуваа. Најмалку пет проценти економијата ќе растела годишно, но нема ниту половина од тоа. Наспроти, тоа ги зголемуваат даноците, го полнат буџетот, го укинаа Советот за јавни набавки за полесно да ги договараат провизиите. Донесоа црнила и темнина, а ние имаме обврска да ја донесеме зората која ќе навести нов ден, нова надеж и правдина за секој граѓанин за да ги вратиме оние што заминаа од Македонија. Имаме методологија и можеме емпириски да го докажеме и да го направиме со рокови. Наскоро ќе ја претставиме нашата понуда. Дотогаш ќе потсетуваме на сите нереализирани ветувања, на лагите, нагласи Мицковски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги повтори шесте барања до власта: неотповикливи оставки на министрите за внатрешни и за надворешни работи Оливер Спасовски и Никола Димитров, формирање комисија за прислушувањето судии и обвинители, да се спроведе гасификацијата, да се почитува волјата на граѓаните од 30 септември.