Мицковски: До 11 јануари ќе објавиме оглас за кандидати за претстојните избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека најдоцна до 11 јануари партијата ќе го објави огласот за пријавување кандидати за претстојните парламентарни избори во Македонија.

Огласот, според Мицкоски ќе трае десеттина дена, потоа кандидатите ќе го дадат нивното образложение за визијата за иден претседател на Република Македонија и за политиките кои ќе ги водат, во рамките на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, преку средби со граѓани.

Конвенцијата за претставувањето на кандидатите, како што наведе, ќе се одржи на 16 февруари 2019 година. Мицкоски не сакаше да коментира за евентуални имиња кои се споменуваат за можни кандидати за претседател.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ