
Мицковски: 11 Октомври е пример за македонскиот непокор
11 Октомври е пример за македонскиот непокор и мора да го почитуваме и чуваме – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во партиската честитка.
„Жртвата на оние кои се кренаа против неправдите нека ни биде пример дека борбата за Македонија никогаш не завршува и дека секоја генерација има својата битка. Денес Македонија е притисната од нови предизвици, тешко секојдневие и несигурност. Сиромаштијата и корупцијата ја загрозуваат иднината, а лошото здравство, уништеното земјоделие, недостиг на реформите, иселувањето го разјадуваат нашето општество. Ова се работите кои сите заедно мораме да ги смениме, да ја донесеме обновата и да градиме иднина, да ги споделуваме европските вредности и да се избориме за европската перспектива на Република Македонија“, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.