Мицкоски ќе дојде на средба кај претседателот

ВМРО – ДПМНЕ им даде доволна шанса на овие политичари да испорачаат нешто за Македонија и граѓаните но, гледаме дека тоа се изневерени очекувања и криминал. Ние рековме ВМРО – ДПМНЕ излегува на плоштадите, улиците и ќе разговараме со граѓаните за тоа како треба оваа држава да изгледа. Имаме план за Македонија и се потреби и реформи, кои ќе значат крупни чекори, а не да ја врааќаат наназат и да служат за богатење на една мала каста во државата и амнестираните криминалци“, истакна Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО – ДПМНЕ.

На новинарско прашање дали Заев треба да си поднесе оставка Мицкоски, рече дека тој тоа требало да го направи многу порано и ќе биде запаметен како премиер кој донесе огромно зло на државата.

Мицкоски кажа дека ќе дојде на лидерска кај претседателот Пендаровски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ