Мицкоски за заколна дека ќе зборува секаде против договорот од Преспа

Дојде, се придружи на протестите и се обрати. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски си донесе бина, поддржувачи, партиски функционери, озвучување и подготовен говор од триесетина минути откако синоќа беше исвиркан од демонстрантите на протестите пред Собранието против уставните измени. Рече дека се ќе стори, но не вети дека ќе го запре процесот на менувањето на името на државата.

Единствен виновник за промената на името според него е премиерот Зоран Заев којшто уценувал пратеници и тргувал за нивниот глас.

Последен на денешните протести пристигна токму Мицковски. Први пред собранието претпладнето дојдоа демонстрантите од граѓанската иницијатива „Македонија блокира“ предводена од Јанко Бачев, па така протестот заврши со две групи на едно место. Граѓаните порачаа дека не сакаат промена на името и побараа оставка од Владата.

Денешните протести започнаа и завршија без инциденти бидејќи синоќа на заминувања две лица беа приведени откако се обиделе да да ги прескокнат барикадите и да влезат во собранието.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ