Мицкоски во посета на новиот град на почесниот претседател Груевски

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ќе оди за Будимпешта, но преку Виена и со авион. Лидерот на опозицијата заминува на две европски дестинации и на научно патување и на политички состанок.

Во унгарската престолнина во моментот азилантски статус на бегалец ужива почесниот партиски претседател Никола Груевски кој избега во ноември лани. Но во ВМРО-ДПМНЕ првично велат дека не е договорена средба на сегашниот со поранешениот партиски лидер.

Од владеачката СДСМ пак тврдат дека Мицкоски често се среќава со екс лидерот Груевски, иако немаат детали за што разговараат.

Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ се децидни, Мицкоски првин оди на експертска научна посета во Виена поврзана со неговото професорско звање , а во Будимпешта ќе се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан за да разговараат и на македонски и на европски теми.

Никола Груевски кој си даде оставка од пратеничка функција се уште е и бегалец на потерниците на МВР и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

По бегството за него беше отворена истрага за организација на 27-ми април, но нема обвинение против него затоа што не е дпстапен на македонската правда.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ