
Мицкоски: Владата води недостоинствена кампања
Од 1 до 5 март ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави носителите на кандидатските листи за пратеници во шесте изборни единици , а останатите на списоците ќе бидат познати до 10 март. Партијата ќе настапи со нови лица но ќе има и такви чие искуство е потребно за функционирање на Парламентот. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски вели дека досегашното функционирање на Владата е недостоинствено во процесот на организирање на изборите.
Мицкоски се однесува очајнички, возврати СДСМ.
Кандидатските листи треба да бидат доставени до 12 март.И двете партии во своите програми ветуваат подобар живот за граѓаните.
Јулијана Пешевска