Мицкоски: Владата нема капацитет да ги исполни условите за почеток на преговорите

Не можат да се отворат портите на Европската унија, а да бидете прогласени за најкорумпирана земја, држава со најнизок економски раст и судство кое заради политизираноста колабира, и сето ова да го подобри владата која до сега не покажа капацитет се последните ставови на лидерот на опозцијата Христијан Мицкоски, упатувајќи критика до владата дека не добила  преговори веднаш, туку условени.

Повторувајќи ги познатите ставови на опозицијата дека договорот со Грција е капитулантски и штетен, Мицкоски посочи дека Европската унија и без овој договор ќе ги испорачала условите за почеток на преговори.

Од седиштето на партијата Мицкоски порача дека опозицијата останува конструктивна и посветена на европските интеграци. Европската унија покрај датум за почеток на преговорите од Македонија бара и видливи и одржливи реформи во судството, безбедносните структури и јавната администрација, одлука која според Мицкоски не може да ја промени Европскиот Совет во петок.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ