Мицкоски: Целта ни е да не се замајуваат граѓани со повеќесмислени прашања на референдумот

„За некои од темите имаме проближување на ставовите, за некои немаме, се договоривме во недела повторно да се сретнеме“, кажа Мицкоски по лидерската средба.

„Целта ни е да не се замајуваат граѓани со повеќесмислени прашања на референдумот“, кажа Мицкоски и додаде дека разговорите престанале кога почнала темата за формирањето на ДИК.

Запрашан дали амнестијата е дел од разговорите, Мицкоски кажа дека станува збор за груба манипулација.

Мицкоски за вечерва најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава на Извршен и Централен комитет.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ