
Мицкоски со шест барања до Власта, меѓу кои и оставки на Димитров и Спасовски
Македонската опозиција од протестниот марш во Кочани почна со испорачувањето на барања до Владата. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски побара оставки на министрите за надворешни и внатрешни работи, едниот заради тоа што сопствената нација ја нарече искомплексирана, а вториот заради теророт и прогонот на неистомислениците, да се стопира иницијативата за покачување на даноците, почист воздух со мерки, а не само декларативно, да се почитува волјата на народот на референдумот и да се формира независно тело, на кое првиот човек да е предложен од опозицијата, а кое ќе ги преслуша сниманите разговори во обвинителството.
Лидерот на опозицијата на Заев му порача дека на наредните избори ќе биде поразен од народот, а смета дека битката која ја почнале нема да биде за ден или два, затоа што како што рече не е рамномерна. Но, ВМРО ДПМНЕ има предизвик, бидејќи се што ветила власта за младите, студенти, бизнисот, лекарите, наставниците не е реализирано.
Мицковски на протестниот марш забележа дека продолжува битката да не се случат уставните измени и промената на името, а го повика и народот да застанат во нивните редови, за да како што рече се победи власта предводена од аболициран премиер.
Викторија Јованова