Мицкоски: Снимката е доказ за вмешаноста на Заев во Рекет

Снимката е доказ за вмешаноста на Заев во Рекет “главата на октоподот”, ова го изјави на денешната прес – конференција претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој уапти апел за разум околу барањето за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Мизрахи, додавајќи дека е свесен за нервозата кајСДСМ и нивниот пораз на 12 април. Мицевски го повика техничкиот премиер Оливер Спасовски да покаже државничко однесување, а не да бара разрешување на Мизрахи.

„Спасовски да се воздржи од слугување на СДСМ да покаже државничко однесување, а не политички гимнастики. Чесно е како што се договоривме така да се испочитува и денес да се распушти Собрание. Времето во Македонија ќе се мери до денот кога Заев стапи на функција и денот кога падна“, истакна Мицкоски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ