Мицкоски: Слушајте го срцето и постапете како што ви вели разумот

Со паролите Македонија и  ВМРО- ДПМНЕ попладнево маршираше македонската опозиција низ улиците на Штип. Лидерот Христијан Мицковски во патриотски манир се поклони на луѓето кои ја следат каузата за Република Македонија.

Македонија е во опасност, а кога СДСМ е на власт Македонија ја има се помалку смета Мицковски, а опасноста доаѓа вели од незнаење, неспособност и криминогеноста на врхушката на власт. Под плаштот на европската иднина на државата се спроведува пљачката на векот и се злопуотребува силната желба на македонскиот народ за европските стандарди, просперитет и сигурност на државата, порача Мицковски, кој го повика Заев на дебата за да директно му каже што мисли за апстинениција.

Мицковски смета дека СДСМ и нивниот лидер повеќе се занимаваат со ВМРО ДПМНЕ, отколку за превривањата и средувањето  на своите редови, а за референдумот на 30 ти септември вели дека како партија оставиле членството да постапи по свое убедување и воља

Лидерот на Македонската опозиција најави дека на секој граѓанин ќе се обидат да му го објаснат штетните последици од Договорот со Грција.

Од протесниот марш во Штип се слушна и пораката дека ова се историски времиња, а на 30-ти септември, како што рече Мицковски, слушајте го срцето и постапете како што ви вели разумот.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ