Мицкоски: Слобода и правда за сите од 27 април со закон за амнестија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашната партиска свеченост по повод одбележувањето 23 Октомври – Денот на Македонската револуцонерна борба, побара да се донесе закон за змнестија за учесниците во настаните од 27 април во Собранието.  Според него, така ќе има неселективна првада и слободна за сите.

Во врска со новонастанатата ситуација во партијата што ја води, рече дека минатиот петок бил „црн петок“, а пратениците кои гласале спротивно на партискиот став, како што рече, ја предале партијата и државата и се воделе од личен интерес.

-Во целиот овој период се држев до две работи – до вистината и до народот. И колку и да се шират дезинформации, и колку некои да ме прават одпелепн од реалноста, вистината е дека имаше притисоци врз пратеници и тие беа од власта. И дел од платениците влегоа со лични аранжмани со власта, надевајќи се на својата слобода, но разочарувајќи го народот. Дел од нив тоа и лично го признаа, рече Мицкоски во 40-минутното обраќање пред членови и симпатизери на партијата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ