Мицкоски се сретна со Орбан

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски во Будимпешта оствари средба со унгарскиот премиер Виктор Обран.

На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во земјава, главните предизвици со кој таа се соочува, за стратешките интереси и перспективи на Република Македонија како и прашања поврзани за меѓусебна соработка на партиско ниво меѓу партиите на Мицкоски и Орбан во рамките на Европската Народна Партија.

Мицкоски посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ исклучиво важни се европските перспективи на Република Македонија кои се загрозени од неодговорната Влада на Заев.

„И покрај отсуството на реформи, и сериозните индиции за криминално работење на владата кое допрва треба да се преиспита, сметам дека е потребно земјава да добие датум за преговори поради фактот што граѓаните не смеат да бидат заложник на неспособноста на Владата како и поради потребата да се воспостави уште еден контролен механизам врз владата преку поблиско мониторирање на нејзината работа од страна на европските институции“, рече Мицкоски.

На средбата стана збор и за песпективите за меѓусебна соработка особено во пресрет на Конгресот на Европската Народна Партија каде ВМРО-ДПМНЕ и партијата на премиерот Орбан се сестрински партии членки.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ