Мицкоски: Референдумското прашање мора да биде еднозначно, тоа е и според законот

Како опозиција бараме да се почитуваат сите прописи, закони и Уставот, кажа Мицкоски.

Ние не можеме да се согласиме со повеќезначно прашање. Тоа мора да биде еднозначно и да се однесува единствено на Договорот со Грција“, кажа опозицискиот лидер Мицкоски.

„Се разговараше за карактерот и текстот на референдумот. Ние ги застапувавме интересите на граѓаните имајќи предвид дека парламентарното мнозинство е тоа што ќе ги дефинира деталите. Референдумското прашање мора да биде еднозначно, тоа е и според законот. Имавме приближување кон ставовите околу тоа дека успешен референдум е оној кој е 50+1 и повеќе од пола гласачи од тие кои излегле”, вели Мицкоски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ