
Мицкоски повика на предвремени избори: Народот да каже каква Македонија сака
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кратко се обрати до јавноста, со барање за предвремени парламентарни избори.
ВМРО ДПМНЕ не ја поддржува промената на Уставот со цел промена на Уставното име на Република Македонија, промената на идентитетот, културата и историјата, и тој став е непроменет и конзистентен и се темели на партиската програма и е базиран на одлуката на народот потврдена на референдумите на 8-ми септември 1991 и 30 септември 2018-та година, рече Христијан Мицкоски на вечерашната прес конференција пред ВМРО ДПМНЕ.
– Второ, ВМРО ДПМНЕ смета дека промената на Уставот со цел промена на уставното име, проментата на идентитетот, културата, образованието и историјата се направи на нелигитимен, насилен начин, по пат на притисоци, закани и пазарења.
Ова е одлука на 81-пратеник, а не одлука на македонските граѓани. Со ваквата одлука се суспендира волјата на граѓаните, и претсавуваат чин на предавство, додаде Мицкоски.
– Со договорот од Преспа се нанесува огромна штета врз Македонската држава, македонските граѓани, минатите, сегашните и идните генерации. ВМРО ДПМНЕ во иднина ќе стори оваа неправда да биде исправена.
– Денес се покажа дека Македонија со Заев губи и доколку овие луѓе од СДСМ на Зоран Заев, останат на власт Македонија ќе продолжи да губи и на ова и на сите други полиња. И во политиката и во економијата и во општеството секаде.
Затоа ова мора да престане, затоа ова мора да се промени, а ќе се промени само доколку овие луѓе си заминат од власт, рече Мицкоски.
– Токму поради ова ВМРО ДПМНЕ бара веднаш распуштање на парламентот и оддржување на вонредни парламентарни избори заедно со претседателските избори.
– На овие избори ВМРО ДПМНЕ ќе победи и така волјата на мнозинството ќе биде испочитувана.
Почитувани граѓани вие давате и земате власт, затоа избори, избори се потребни, на кои Заев ќе падне, а Македонија ќе победи. Избори на кои народот ќе има можност ќе каже каква Македонија сака. Северна Македонија на Заев во црнила, понижена или Македонија напредна.