Мицкоски: службената белешка, врз чија основа е приведен Чавков е лажна

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го смета приведувањето на Чавков за политички прогон, а службената белешка, врз чија основа е приведен, ја нарече лажна.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од најголемата опозициска и најголемата политичка партија во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ ја дава поддршката и комплетно застанува позади претседателскиот кандидат професорката Гордана Силјановска Давкова, соопшти вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по одржувањето на средбата со коалициските партнери.

-Ние цврсто веруваме и врз основа на целокупната онаа навигација која што ја добиваме од терен, врз основа на сите оние мерливи мерења на јавното мислење дека иден претседател на Република Македонија е професорката Гордана Силјановска Давкова, рече Мицковски.

Тој додаде дека на таков начин ќе се подотвори вратата и за организирање на предвремени парламентарни избори во кои, како што рече, е цврсто убеден и тој и Коалицијата дека ќе го поразат и трајно ќе го испратат на темната страна на историјата заевизмот во Република Македонија.

-Ќе ја формираме новата влада и ќе отпочне нова ера за достоинствена, економски преродена, технолошки тигар на Балканот, достоинствена и горда Република Македонија, истакна Мицкоски по средбата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ