Мицкоски: Оставка од Заев, Спасовски и Дескоска

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски попладнево се обиде во Градската општа болница да го посети повредениот Миле Јанакиески, но беше спречен од обезбедувањето и полицијата. По неколку минутна расправија, Мицкоски и неколкуте сопартијци биле информирани од дежурниот лекар за состојбата на Јанакиески.

Мицкоски малку дподоцна рпед новинарите побара одговорност од власта, пред се од премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за правда Рената Дескоска. Тој обвини дека наместо да излезат и да ја признаат грешката тие за инцидентот во Шутка со „ефтин ПР“ ги обвинија Јанакиески и Рисковски.

Рацете на Зоран Заев се крвави и не постои вода, во периодов што следи, да ги испере. Срамота! И ако е ова примерот на демократските институции, ако ова е животот кој што се донесе во Република Македонија, нека им служи на чест. Граѓаните на Република Македонија ова нема да го заборават и за сите овие злодела ќе ги казнат насилниците и сторителите. Уште повеќе ме загрижува фактот што никој не најде за сходно да излезе и да ја признае грешката пред македонската јавност, преку ефтин ПР се втурнуваат луѓе во дополнителни проблеми, во дополнителна жива кал, да правдаат нешто со изговори кои што не постоеле, рече Мицкоски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ