Мицкоски од Струга-ВМРО-ДПМНЕ е против промена на уставот

Ниту Илинден не ги сплоти политичарите од власта и опозицијата кои празникот го прославуваат на различни места. Лидерот на опозциската ВМРО ДПМНЕ за Илинден беше во струшко Ташмаруништа, каде говореше на народниот собир од кој упати жестоки критики кон власта оценувајќи ги како лицемерни и неискрени повиците за сплотеност околу клучните национални прашања од кои зависи иднината на земјата, како што е и најавениот референдум за договорот со Грција.

Мицкоски во говорот не кажа дали опозцисјата ќе го поддржи или бојкотира референдумот, но индиректно упати порака дека тој нема да помине кај народот. Македонија е име кое се изговара достоинство, со вера и со гордо крената глава. Илинденците ги поставија темелите, нивните наследници партизаните продолжија со градба, а наша должност е да ја зачуваме оваа држава, рече Мицкоски.

Опозцијата е за НАТО и Европа, но со европски вредности и стандарди истакна Мицкоски. Ја обвини власта дека ја злоупотребува евроатлантадката агенда за да ги затскрие бројните афери со наместени тендери и криминал изразувајќи увереност дека граѓаните ќе ја казнат таквата политика на следните избори без оглед дали тие ќе бидат редовни или предвремени.

 

Горан Момироски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ