Мицкоски очекува лидерска по велигденските празници

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак очекува по велигденските празници да се одржи најавената лидерска средба за процесот на преговорите со Грција околу името. Иако се уште не е утврден точен датум и локација, Мицкоски очекува лидерската да се случи идниот викенд, по новата рунда разговори меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција на 12 април во Охрид.

Мицкоски очекува на средбата да слушне на што се темели оптимизмот на власта, поточно дали е тој аргументиран оптимизам или е само блеф.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ