
Мицкоски: Криминал од вакви размери не е можен без поддршка на Заев
Многу прашања и грст обвинувања од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски околу случајот Рекет. Рече дека од оваа власт не може да се очекува рзврска на аферата бидејќи и владата и премиерот се инфицирани од криминал.
Мицкоски пред новинарите зборуваше доллго. Постави и прашање за наводна белградска врска на еден од осомничените во Рекет, но не даде објаснување на што точно мисли и дали има конкретни сознанија или докази за ова.
- Господинот Зоран Заев е должен да каже какви докази крие семејството на еден од осомничените за криминал на власта, кој се е вклучен во таа …куфер политиката, вели Мицкоски.
Мицкоски најави и помасовни улични протести и не ја исклучи можноста за напуштање на институциите.
Го повтори ставот дека не се согласува со законот за обвинителство што го предлага владата. Дека е против тоа специјалната обвинителка Катица Јанева и другите вработени во СЈО да бидат дел од републичкото обвинителство, но дека нема да дозволи на партијата да се гледа како на кочничар на европските интеграции. Прашан како е тоа можно без договор за Законот за обвинителство, Мицкоски не даде конкретен одговор.
Марија Дивитарова