Мицкоски: Граѓаните ја испратија најгласната порака – Ова е Македонија!

Граѓаните кои гласаа против договорот, и оние кои oдбраа да апстинираат, ја испратија најгласната порака, ова е Македонија.

Македонија денеска соопшти дека Договорот не поминува. Имаме длабоко неуспешен референдум, политиката на Зоран Заев доживеа дебакл, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конфернеција.

„Бројот на граѓани кои не дадоа поддршка, односно бројот на граѓаните кои апстинираа е драстично поголем од оние кои гласаа за Договорот. Договорот со Грција доби стоп од народот, а не зелено светло. Народот покажа исклучителна демократска и патриотска свест. Граѓаните кои одбраа со апстиненција да кажат што мислат ја испратија најгласната порака „Ова е Македонија“ – рече тој.

„Овде живеат Македонци, нашиот идентитет е македонски, нашиот јазик е македонски, нашите предци биле Македонци“, кажа Мицкоски заблагодарувајќи се на граѓаните.

Мицкоски обвини за обид за фалсификување на волјата на народот во некои општини и рече дека за тоа ќе се бара одговорност.

„ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и ќе ве победиме. Ова не е само пораз за Договорот со Грција, туку и за криминалот на власта“, кажа Мицкоски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ