Мицкоски е решен да оди на избори – Не ги прифаќа предлозите од сопартијците за Уставни измени

Toj порача дека пратениците имаат одговорност да работат и дејствуваат согласно волјата на народот. На синоќешниот состанок на Извршниот Комитет на Партијата не биле прифатени предлозите на двајца членови кои барале да се поднесат  уставни амандмани. Барањето било да се гарантира македонскиот јазик и идентитет, името Северна Макеоднија да се применува веднаш за прием во НАТО а да се  одложи примената на внатрешната употреба се до влез во европската Унија. Не било усвоено и барањето Мицкосвки да преговара со Заев за  амнестија за обвинетите од 27 ми април. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ бил убеден дека изборите ќе му донесат победа.

„Уште еднаш потсетувам дека Владата, Собранието и секој еден пратеник ја има одговорноста да работи и дејствува согласно волјата на народот. А волјата на народот е јасна и недвосмилено изразена на референдумот“.

„ВМРО-ДПМНЕ е против овој договор и така ќе остане. Изворот на кризата која сега се случува не е отфрлениот договор со Грција, не е ниту пропаднатиот референдум, туку самата власт и Зоран Заев кои мора да си одат за да Македонија победи. А ве уверувам, со силата на народот, заедничката мудрост и одлучност Македонија ќе победи, и сите заедно ќе се избориме за стабилност, европска иднина и сочувано достоинство“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ