Мицкоски: Договорот е Капитулација, пораз!

За ВМРО-ДПМНЕ договорот за промена на името е ,, капитулација“, а не победа во преговорите со Грција. Ова е тежок ден за Република Македонија. Прифатени се сите грчки позиции, рече лидерот на партијата Христијан Мицкоски и побара договорот да му биде доставен веднаш.

Мицкоски побара објаснување која институција е надлежна за склучување на вакви договори, дали Владата или Претседателот на државата. Доколку има референдум ќе гласа против договорот.

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за предвремени избори кои евентуално би се одржале со референдумот или со претседтаелските избори, но бараат претходно власта да подготви амбиент за нивно спроведување.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ