Мицкоски: Дескоска нема капацитет за водење преговори

Министерката за правда Рената Дескоска нема менаџерски способности за да ги води преговорите за законот за јавно обвинителство. Ова обвинување од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски доаѓа откако вчера министерката рече дека има напредок меѓу работните групи но проблем е барањето на опозицијата да запрат истрагатите кои се покренати 18 месеци по формирањето на обвинителството.

На кратко жената за жал нема менаџерски капацитети да води едни преговори  за жал, второ што можам да кажам преговараат за да не се договорат и трето  за жал на македонските граѓани  на македонската јавност и покрај сите понижувања и омаловажувања што ни се случија изминативе две години ние повторно нема да добиеме чиста препорака за отпочнување на преговори со Европската Унија. Најверојатно ќе има повторно некоја прослава  како минатата со понекој чочек на плоштадите во Македонија но ќе чекаме изгледа некоја друга прилика и некоја друга комисија, рече Мицкоски.

Според опозицијата министерката преговара за да не се договори. Уште и порача на власта да ги прифати амандманите ако тоа  е навистина услов за отпочнување преговори. Со неприфаќањето според Мицкоски власта нема намера да се договори и покрај тоа што еден од условите за датум за преговори е токму овој закон. Вицепремиерот за европски прашања убедува дека мора да се најде решение за СЈО и тоа пред извештајот на европската комисија.

За разлика од денес по вчерашната четврта рунда и власта и опозицијата беа убедени дека ќе се договорат. Договорија дека следните средби ќе им бидат далеку од јавноста а ќе кажат тогаш кога ќе се договорат.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ