
Мицкоски: Ќе поддржам се што е добро за Македонија и за Бугарија
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, одби да каже дали ќе го поддржи Договорот за добрососедсто и рече дека ќе стори се што е позитивно за Македонија и Бугарија.
Видеото на кое се слуша како тој се обидува да зборува и бугарски, на „Фејсбук“ го објави Борисов.
На почетокот од средбата, Борисов го прашува Мицкоски дали ВМРО-ДПМНЕ го поддржува договорот за добрососедство со Бугарија, и инсистира дека тоа треба да се слушне јасно.