
Мицкоски бара оставка од Заев поради дипломатскиот скандал
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика Премиерот Заев веднаш да си поднесе неотповиклива оставка и да распишат предвремени парламентарни избори. Време е за одговорност и некој треба да ја понесе затоа што е направена голема штета не само на угледот на државата туку и довербата од трети држави, вели Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ вината за дипломатскиот скандал ја гледа во министерот за надворешни работи Никола Димитров и советникот Дане Талески кои не смееле да дозволат да се случи разговор со лажен претседател на Украина и не се почитувал меѓународниот протокол.
Опозицијата тврди дека ваквите телефонски разговори може да ги доведат во прашање евроинтегративните процеси на државата.
Јулијана Пешевска