Мистериозно уништени или исчезнати граничните камења меѓу Македонија и Грција

Вообичаен ден во битолските села кои се на самата гранична линија кон соседна Грција. Жителите зачудено одговараат на прашањето дали деновиве нешто слушнале или виделе дека исчезнале и се уништени над 100 гранични меѓници меѓу Македонија и Грција.

„Немам видено ништо, таму стоеле, имаше два камења, ама не знам“, рече еден жителка на село Кременица.

„Ништо немам видено, првпат слушам сега од вас“, рече друг жител на Кременица.

Грчките медиуми објавија дека отсранети се и уништени 105 камени столбови кои ја означуваат границата меѓу двете држави, кај месноста Месокампос и Ахлада во општина Лерин, кои биле поставени во должина од 13 километри. Некои од нив се во форма на пирамиди, а некои помали цилиндри.

„Овде, на потегот од селата Кременица, Гермијан и Бач се протега граничната линија меѓу Македонија и Грција каде мистеризоно исчезнаа над 100 камени гранични маркери, некои повисоки и од еден метар“.

Според медиумите во Грција, настанот се случил ноќта меѓу четвртокот и петокот, минатата недела, а грчката полиција започнала истрага. Засега нема информација како исчезнале граничните камења без да забележат пограничните служби од двете држави.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ