Мишевски се вработи во Mинистерството за здравство

27-годишниот Јосиф Мишевски, кој заради ретка болест на кожата со години не можеше да се вработи од денска ќе биде дел од Министерството за здравство…Од таму соопштуваат дека ќе работи на подобрување на програмата за ретки болести, бидејќи е дипломиран фармацевт.

Мишевски, алармот кај надлежните го крена и преку медиумите. Иако ја раскажа својата приказна, никој не сакаше да му излезе во пресрет со вработување. Отпорот бил заради вроденот реткото заболување на кожата кое не може да се излечи, но со терапија се ублажуваат симптомите. Станува збор за болеста ихтиоза, која се јавува кај еден во милион случаи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ