Мишевски и Поповски: Ништо не е загубено !

Поразот од Чешка не ја отпиша Македонија од европското првенство. Визата за второто коло ќе ја бараме на утрешниот натпревар против домаќинот Австрија. Ракометарите веќе се подготвуваат и го анализираат противниkот. Во игра се неколку сценарија околу разврската во нашата група но само победа против домаќинот со најмалку два гола разлика гарантира продолѓување на натпреварувањето на Европското првенство.

Да се биде или не. Вака најдобро може да се опише утрешниот натпревар со домаќинот Австрија од кој зависи дали продолжуваме во второто коло или пак европското првенствоза нас завршува тука. Вчерашниот пораз од Чешка, ги помати сметките на нашите ракометари кои сега неопходната втора победа мора да ја бркаат на најтешкиот натпревар. Игравме добро во првото полувреме, промашивме многу зицери во второто полувреме и не го подигнавме темпото за да им парираме на чешките ракометари.

Сепак поразот е веќе зад нас а пласманот понатаму е реален исто како и пред натпреварот со Чешка. Има многу комбинаторики и сценарија за тоа кој би можел да оди понатаму но само едно е јасно – победа со најмалку два гола разлика не носи во вториот дел од првенството.

Ракометарите се во својата база – Хотелот Хилтон, каде што со стручниот штаб и селекторот Брестовац ја анализираат играта на Австрија и ја подготвуваат тактиката со која ќе истрчаат на теренот. Одбраната функционира речиси беспрекорно, проблемите се во нападот и реачизацијата, нешто што нема да смее да се повтори и  на третиот натпревар.

Разговаравме со репрезентативците Мишевски и Поповски, кои велат дека поразот од Чешка е зад нив и сега се фокусираат на утрешниот натпревар. Двајцата сметаат дека ништо не е загубено.  Според нив од самиот старт било познато дека сите екипи имаат шанси за пласман понатаму  бидејќи тимовите се изедначени по квалитет.

Огнен Чанчаревиќ

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ