
Мишел: На 26 март Европскиот совет ќе има тешки разговори околу проширувањето
Без конкретни ставови околу методологијата, но со најава дека на Европскиот Совет во март ќе се водат тешки разговори по ова прашање, но и за самиот процес на проширување, претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, попладнево меѓу редови најави дека неизвесноста околу методологијата и целиот процес на пристапување ќе трае до 26 март. Сепак се надева дека на состанокот ќе се добие појасна слика и за двете прашања.
Мишел рече дека иднината и судбината на Македонија е европска и поради тоа тој има намера да предложи стратегија до Европскиот Совет врз три столба. Првиот столб е да се работи во следните недели и месеци на усогласување на реформа и модернизирање на процесот на проширување, за што тој смета дека има повеќе европски земји кои сметаат дека треба да дадат повеќе лидерство и опипливи резултати.
Вториот столб е прашањето за старт на преговори со Македонија и со Албанија за што Мишел рече дека иако многу е направено до сега, реформите мора да продолжат и во следните месеци, како на пример имплементација на Договорот од Преспа или Договорот со Бугарија, што би придонело за напредување на патото кон ЕУ.
Третиот столб, информираше Мишел, е носење на стратегија на ЕУ за инвестиции и раст на Западниот Балкан.
За Мишел со структурните реформи битно е да продолжи борбата против корупцијата и криминалот, како и владеењето на правото.
Претседателот Стево Пендаровски кој беше домаќин на Мишел, по средбата со него, рече дека Македонија очекува позитивна одлука од Советот во март.
Пендаровски од сите во државата очекува да продолжта на реформакта агенда на државата и целосна посветеност на спроведување на клуните реформи и организирање на демократски, слободни и фер избори.
Шефот на државата околу пораките од Европската комисија за законот за Јавното обвинителство, рече дека тој никогаш не бил ниту формален, ниту неформален предуслов земјава да добие старт на преговорите, туку неносењето на овој закон да не биде искористен од некои земји-членки за повторно блокирање на земјава. Истовремено рече дека доколку треба тој е достапен 24/7 за партиите и да помогне во оленсување на меѓупартиските преговори околу овој закон, како во случај кога беше договорен датумот за предвремени избори.
Претседателот на Европскиот совет, Мишел, попладнево се сретна и со техничкиот премиер, Оливе Спасовски, а утре рано изутрина ќе има одделни средби и со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тамара Грнчароска