Мирно во прифатниот центар во Табановце – згрижени околу 30 мигранти

Ѕид испишан со имињата на луѓето кои престојувале тука, неколку детски лулашки , мрежа за одбојка ,  фрлен стар душек.  Дел од овие предмети сведочат за балканска рута во 2015 кога центарот беше преполн со мигранти. Денеска во прифатниот центар за бегалци во Табановце во близина на македонско – српската граница  е тивко и празно. Во центарот има само неколку семејства и дежурните екипи на Црвениот крст , МВР и Министерството за труд и социјална политика. Меѓу луѓето кои ги сретнавме беше и Мухамед Хусеин – Ахмет од Сирија.  Во Табановце е една недела.

Но, планот на Мухамед да отиде повторно во Германија можеби нема да се исполни.  Србескиот претседател вчера најави херметичко затворање на граниоцата со Македонија . Денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев , изјави дека можно е затворање на јужната границата за да се спречи нов мигрантски бран.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски дека транзитот повеќе не е опција и дека е прогласена кризна состојба на јужната граница.

Екс – државниот секретар во Мвр Анастасија Илиеска вели дека потребно е да се најде механизам за справување со вакви кризи во сите земји во Европа.

Теодора Цветковска 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ