Мирно тече гласањето на болните и инвалидизираните лица во штипско

Гласаат болните и инвалидизирани лица во своите домови, од вкупно 80 општини во земјава гласањето денеска се одвиваше  во 69 , каде што избирачките одбори посетија 1859 болни и инвалидизирани лица. Една од нив е и 81 годишната штипјанката Маре Станкова, која за првпат гласа дома.

До Државната изборна комсија пристигнати се 10 приговори, од кои само два се одбиени. Одбиени се заттоа што на еден гласач му е поништено живеалиштетот од МВР, а вториот немал важички документи за лична идентификација.

Општинските изборни комисии информираат дека гласањето на болните и изнемоштени лица поминало без проблеми, а мирен ден се очекува и утре кога граѓаните ќе можат да го искористат правото на глас на Рефрендумот 2018.

Избирчаките одбори денеска во придружба на полицијата го носеа и материјалот на гласачките места, кои утре ќе бидат отворени во седум, а затворени во 19 часот.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ