
Вицепремиерот Бујар Османи како инспектор за албански јазик, во инспекцијата го прескокна СЈО каде беше осомничен
-Добар ден, Бујар Османи на телефон, вака во стилот како што се претставува Џемс Бонд или 007, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи саботата, ден по неговата посета на Стокхолм и пред визитата на Брисел, ја потроши на инспекција за која не е задолжен.
Ги проверуваше таблите на институциите кои треба да се двојазични. Во придружба на директорот на Агенцијата на агенцијата за примена на јазиците Илбер Села, Османи почна од својот двор.
Таблата на секретаријатот кој го предводи го помина прегледот без проблемот, но таблата на новинската агенција МИА му заглави во окото.
Снимката од инспекцијата Османи ја објави на својот фејсбук профил. Во 11-минутната снимка Османи вози, рзгледува, коментира на албански, а директорот Села главно слуша.
Инспекцијата најде една неребрендирана јазично институција. Таблата на Агенцијата за администрација предизвика повик до директорот Спасе Глигоров.
Османи откако му е кажано дека имало проблем со фонтот и со буквите вели дека така е подобро отколку поради техничка грешка да излезе таблата полош.
Бидејќи агенцијата во сабота не работи, Османи не можеше да се качи во зградата на 7-ми кат за да види дека пред влезот на агенцијата има двојазичен плакат-банер. Директорот Глигоров пак ни потврди дека таблата на институцијата е при крај и поради помали технички грешки не е ставена.
Законски пак промената на таблите требаше да заврши до 15-ти септември, ден по инспекцијата на Османи. Но таа се уште не е комплетно завршено, а се уште не е изгласан законот за инспекторат за примена на законот кој треба да контролира и да пишува казни за директорите кои нема да ја почитуваат двојазичноста. Законот за инспекторатот го помина првото читање во Собранието. Со него ќе се избере инспектор кој ќе го прави тоа што во саботата го правеше Османи
Казните за институциите се помеѓу 4 и 5 илјади евра, а за директорите е помеѓу 1. 200 и и 1 500 евра.
Една табла не ќе мора да се менува, тоа е оваа на влезот на СЈО. Таму Бујар Османи не помина на инспекција иако влезот му е познат затоа што таму беше и осомничен во случај на сега веќе размонтираното обвинителство.
Миомир Серафиновиќ