Финансиска полиција во кафеани по лични карти на гостите

Кафеанскиот живот ќе го збогатат припадници на финансиската полиција која ќе бара лични карти од поголеми групи гости на иста маса. Така ќе се утврдува семејната врска на гостите и прекршувањето на протоколите, тврди директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.

За 6 дена во периодот од 4-ти до 9-ти јуни, пазарните инспектори извршиле 3.154 контрли од кои 80 проценти биле проверки дали во рестораните се почитуваат протоколите. 15 објекти добиле криични пријави, а дваесет не ги почитувале заштитните мерки.  Пауновски изјави дека ниту еднаш не е пишана казна доколку се фатени 4-ца гости на иста маса, и дека таа мерка и покрај барањето да се укине од угостителите и на инспекторатот- останува на сила по налог на комисијата за заразни болести. За свадби, веселби и за отварање на хотели се уште нема протоколи. Инспекторите откриле и дека многу објекти иако работата како ресторани, кафеани или чајџилници воопшто немаат дозвола.

Дури 12 автобуски превозници кои носеле работници во штипските фабрики не ги почитувале мерките. На возачите им е пишана казна од 200 евра, а на фирмите по 500-тини затоа што не ги почитувале протоколите за безбеден превоз на работниците.

Транспортниот инспекторат извршил 151 надзор, а секој 8-ми автобус не ги почитувал мерките во работничкиот превоз. Покрај Штип, ризично превезувале и 4 автобуси во Миладиновце и еден во Велес. Сето тоа се случило за период од 6 дена.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ