Министрите не знаеле дека кумановскиот градоначалник се тестирал и чека да дознае дали носи Ковид-19

Прес салата во владата ја замени со дневната соба. И министерот за здравство е во изолација откако го посети Куманово во владиниот тим предводен од премиерот Оливер Спасовски, како и уште двајца министри, вицепремиерот Бујар Османи и Арбр Адеми за образование. Таму се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски кој денеска соопшти дека е позитивен на Ковид-19. Брисот за тестот бил земен во неделата на 12-ти април, но владините функционери не знаеле дека градоначалникот и кризниот штаб чекаат да дознаат дали се заразени.

Градоначалникот Димитриевски денеска не одговори на нашите повици. Во изјава за Фокус тврди дека очекувал негативен резултат и затоа не кажал, во интервју за тв24 рече дека се тестирале членовите на кризниот штаб затоа што еден од нив имал контакти со заболен. Димитриевски во изјавите тврди дека само 5 членови на кризниот штаб  се позитивни на Ковид-19. Од друга страна во кумановскиот центар за јавно здравје за Телма  тврдат дека се заболени вкупно 10 членови на штабот, и постојани и повремени. Градоначалникот од кумановци преку фејсбук побара дисциплина во спроведување на мерките.

Во изолација е и премиерот Спасовски, но и вицепремиерот Бујар Османи кој соопшти дека според протоколите ќе се тестира во вторник. Владата ќе функционира непречено, а вакво сценарио било предвидено, соопштија од Илинденска, а Спасовски замина на изолација во Куманово со видео обраќање од премиерскиот кабинет.

Во Куманово вчера се одржа проширен состанок на локалниот кризен штаб на кој покрај министрите учествуваше и претседателот на комисијата за заразни болести др. Жарко Караџовски. И за него важат истите мерки, истакна изолираниот Филипче, кој на прес конференцијата вели дека секој тестиран треба да мирува во изолација додека не ги добие резултатите.

За Куманово каде има над 50 заболени во болницата, ќе се разгледуваат нови мерки на утрешната комисија за заразни болести, рече Филипче кој смета дека карантинот не е решение соодветно на состојбата и дека тоа ќе попречи над 4 илјади кумановци кои работат или во Скопје или во економската зона Бунарџик.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ