
Министерството за земјоделство бара начин за заштита на домашните производители
Одлуката на Владата на Косово за воведување времена мерка не е во согласност со заеднички зацртаните цели како што се брз проток на стока и отстранување на царинските бариери, реагира Министерството за змејоделие.Од таму велат дека се работи на анализи на ефектите од мерката и брзо ќе излезат со реакција за што ќе бидат известени сите членки на ЦЕФТА.
„Наша обврска како ресорно министерство е да го заштитиме домашното производство и извозно оринетираните земјоделски производи. Очекуваме Владата на Косово да ги земе во предвид придобивките од започнатиот Берлински процес и низ една заедничка дискусија да дојдеме до заедничко решение, кое што ќе подразбира олеснување на трговската размена во регионот“, се вели во реакцијата на Министертсвото за земјоделие.