
Министерството за здравство го почна процесот за промена на Законот за абортус
По повеќе месечните консулатиции со претставници на граѓанските организации, целосно инклузивно и отворено ги прифативме забелешките на сите засегнати страни, како и препораките на меѓународните организации и Светската здравствена организација, Министерството за здравство го почна процесот за промена на Законот за прекин на бременоста.
Со промената на Законот ќе се укинат постојните административни процедури/бариери за спроведување на постапката за безбеден абортус. На жената ќе и се даваат комплетни, објективни и точни информации во врска со начинот на изведување на интервенцијата. Одлуката за прекин на бременост ќе може да ја донесе пациентката свесно, без принуда од било кого, како и да и` се даде поддршка на пациентката, без било какво искажување на осуда или обвинување од страна на здравствените работници. Дополнително ќе се намалат глобите поврзани со прекршоците.