Министерство за здравство и ја одзеде дозволата за работа на Санте Плус

Во соопштението на министерстовот стои дека по извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и извештајот за извршен стручен надзор над работата на Приватната здравствена установа “Санте плус гроуп”, утврдени се неправилности во работата на болницата во однос на кадар и опрема, по што Министерството за здравство донесе решение да ја одземе дозволата за работа на ПЗУ „Санте Плус гроуп‘‘.

Во исто време, информираат дека обдукцискиот наод нема да го коментираат, бидејќи е предаден во Основното јавно обвинителство кое отвори истрага за случајот со смртта на родилката од Кичево.

Во недела Телма објави дека според обдукцискиот наод, родилката Дебора Џамбази починала поради грешно поставање на тубусот при што оштетен е хранопроводот. Ова укажува дека наместо во дишните патишта цевката за анестезија била ставена во погрешен орган.

31-годишната Џамбази почина при породување на клиниката Санте плус во средина на јануари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ