Министерство за правда: Меѓународната заедница не поддржува ветинг на судии

Нема поддршка од меѓународните експерти за ветинг во правосудството порачуваат од Министерството за правда, откако покрај политичарите, се предлага низ филтрите на институциите за проверка да поминат и судии и обвинители.

Ветингот како начин на проверка е механизам кој во било која сфера може да даде резултати, но за да се избегне било какво сомневање за политизација на таквиот процес, треба да има поддршка од меѓународните институции. Досега, проценката на меѓународните експерти не препорачува примена на овој инструмент, велат од Министерството за правда.

Од правда за Телма потенцираат дека во новиот Закон за судски совет има јасни и ефикасни процедури за разрешување на судии за кои ќе се утврди неправилност во работењето, но посочуваат и другите закони во кои се предвидени процедури за проверки и разршеувања на судии.

Потсетуваме дека со новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси се опфатени и судиите, а во измените на Законот за Судовите, како основ за разрешување е предвидено големото несогласување на состојбата од анкетните листови со реалната состојба, што дава можност на постојните институции да направат проверка и разрешување на судии, велат од правда.

Првиот човек на обвинителството Љубомир Јовески се согласува да има ветинг на обвинителите доколку се донесат соодветни закони и процедури  но и тој потенцира дека и во Законот за јавно обвнителство, кој треба да биде донесен, предвидени се повеќе основи за одговорност и за обвинителите и членовите на обвинителскиот совет.

СДСМ пред да дојде на власт најавуваше генерален реизбор на судиите но по препораките од ЕК, фокусот се сврти кон судските реформи особено кон судксиот совет кој бира и разршеува судии.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ