
Министерска група за надминување на проблемите во текстилната индустрија
Владата денеска соопшти дека целосно ја разбира сензитивноста во текстилниот кластер и дека ќе продолжи да им помага на работодавачите да ја поддржат спиралата на покачувањето на платите.
Во интерес на изнаоѓање решение кое ќе биде во корист на работниците и на работодавачите, најавува дека ќе оформи министерска група која заедно со текстилниот кластер ќе ги разгледа отворените прашања. Вчера од текстилниот кластер повторно побара владата да ги ослободи од плаќање на половина од придонесите и да се врати нормираниот учинок. Тие истакнуваат дека расте бројот на компании кои ставаат клуч на врата или странски инвестиции кои се селат во соседството, а сево ова може да доведе и до 5000 отпуштања.