Министерот Адеми упати апел студентите да седат дома

Онлајн настава за учениците и студентите, но не и за студентските служи. Работата на администрацијата на универзитетите нормално си тече иако предавања нема. Студентите веќе цела недела следат настава од дома, но вадат потврди и барања на шалтерите  на факултетите.  Министерот за образование Адеми упати апел студентите да седат дома и да не одат ако не мораат, но не предложи  конкретно решение како може да се спречи навалицата на студенти кои ќе бараат документ за си го продолжат здравственото осигурување.

Адеми додаде и дека дека класична онлајн настава во моментов не е опција затоа што Македонија нема закон со кој би се регулирата ваквите предавања.

Во меѓувреме додека училиштата се по клуч замена за изгубените часови се задачите и лекциите кои наставниците им ги праќаат  на учениците и основците на Фејсбук, по мејл на Вибер. Неколку скопски општини, меѓу кои и Карпош имаат спремено материјал за основците од деветто  одделение. Наставниците од Карпош спремаат лекции и домашни и за основците од пониските одделенија.Од понеделник на трите канали на МРТВ се емитува и ТВ уличница на која учениците можат следат предавања од наставници и телефонски да поставуваат прашања.

Теодора Цветовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ