
Минатата година најуспешна за Клиниката „Жан Митрев“
Повеќе од три илјади операции – најголемиот дел од нив кардиоваскуларни интервенци, се направени лани во Клиниката на Жан Митрев, што е рекорден број на годишно ниво. Таму секојдневно се оперираат помеѓу петнаесет и дваесет луѓе. Расте и бројот на пациенти од странство кои доаѓаат да се оперираат кај нив, најчесто по препорака од други пациенти, вели првиот човек на болницата, доктор Митрев.
Болницата започнала да работи со една операциона сала и 12 кревети. Две децении подоцна, бројот на кревети е десетпати поголем, а операции се прават во повеќе операциони сали.
Во минатото доктор Митрев оперираше во зградата на Воената болница, а објектот каде што сега е сместена Клиниката беше отворен пред четири години, на одбележувањето на шеснаесетгодишнината од формирањето.
Петар Догов