Милошоски ги предаде снимките во Обвинителството

Пратеникот Антонио Милошоски утринава го достави до обвинителството и вториот адуио материјал кој го објави неодамна на пресконференција. Аудиоснимката на која е и поранешниот прмеиер Зоран Заев рече дека ја добил од анонимен извор кој нема да го открие.

Денеска на обвинителката Вилма Русковска го предадов материјалот на кој што се слуша поранешниот премиер Зоран Заев. Направен е записник, и истиот материјал ќе го одработуваат, рече Милошоски.

На снимката според укажувачот се две лица од кои едно инволвирано во случајот „Рекет“, додаде Милошоски и побара Заев да се повика за исказ, да се земат снимките од видео надзорот од премиерскиот кабинет за да се утврди кој бил таму во мај 2019 година.

Милошоски на прес-конференција ја објави втората аудиоснимка, во која, како што рече, се слуша гласот на Заев, како тој како премиер донесувал одлуки во име на Врховниот суд и на СЈО и оти бил во дослух со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за сите нејзини одлуки.

Првата „бомба“ Милошоски ја пушти за време на расправата во собраниската Комисија за европски прашања, на која се разгледуваше Предлог-законот за Јавно обвинителство. На снимката, наводно, Заев разговара со друго лице за финансирање на телевизијата на првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ