Милошоски: Бојкотирам!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски не дава поддршка за закажаниот референдум за одобрување на договорот со Грција за членство во ЕУ и НАТО. Тој наведе неколку причини на профилот на социјалните мрежи поради кои ќе го бојкотира референдумот за името.

„Референдумското прашање кое е:
– спротивно на Законот (задолжителен, наместо консултативен) и
– спротивно на Законот (еднозначно, наместо трозначно манипулативно прашање) и
– спротивно на Уставот потврден од народот 1991 и Бадинтер (ЕУ) 1992г.
Не заслужува одговор! 
#Бојкотирам“

Милошоски ја употреби истата формулација „некои прашања не заслужуваат“ одговор како СДСМ која го бојкотираше референдумот за територијална поделба во 2004 година, но сега прашањето е сосема различно  и политичките околности се сосема други. Референдумот ќе биде консултативен, односно одлуката која ќе произлезе нема да има задолжителен карактер за власта.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ