Милиони евра за стипендии без целисходност

Од вкупно 98 стипендисти кои ги завршиле студиите на прв, втор или трет циклус на еден од универзитетите од Шангајската листа само 28 се вработиле. Дел го продолжиле школувањето а некои  се уште се обидуваат да најдат работа. Една од нив својот проблем го сподели на социјалните мрежи. Изразува неверување дека никој во државата не е заинетресиран да го искористи стекнатото  знаење иако школувањето било обезбедено со  државни пари

Износот на стипендиите кои се издвојуваат за првите 100 универзитети од Шангајската листа воопшто не е за потценување. Според кокурсот кој што е во тек,  сумата ги покрива трошоците за уписнина најмногу до 40000 американски долари на годишно ниво, повратен авионски билет и месечен паричен надоместок. Грубите проценки се дека за еден студент на додипломски студии во просек се издвојуваат по 150 000 долари. Договорот ги обврзува по враќањето воо Македонија да останат тука двојно повеќе  од времето кое го поминале на школување

Досега, ваков тип стипендија им е доделена на 193  кандидати. Буџетот штоп за финасирање на образованието на овој тип студенти  се одвојува на годишно ниво е различен, , па така на пример само за минатата година се обезбедени 3,3 милиони евра наменети  за овие стипендисти. Имајќи го предвид фактот дека овој проект трае 7 години, претпоставките се дека се потрошени барем 10 милиони евра.

Во меѓувреме како дилема останува неискористеноста на сите кадри кои до сега преку оваа стипендија или некоја друга заврпиле на некои од најреномираните светски универзитети. Нивниот револт секојдневно можат да го искористат само преку социјалните мрежи

Идејата за стипендирање на кандидатите кои ќе се запишат на првите 100 универзити од шангајската листа беше на претходната власт. ЦЕлта беше нивното знаење потоа да биде искористено од страна на администрацијата, универзитетите и бизнис секторот.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ