
Микробилошката лабораторија за тестирање за КОВИД-19 во Битола
Почна да се доопремува микробилошката лабораторија во Ценатрот за јавно зравје во Битола, за во неа да може да се врши тестирање за КОВИД-19. Ова ќе биде прва вакава лабораторија надвор од Скопје. Покрај апаратот од 30 илјади евра, кој го обезбеди приватна компанија, поради високите стандарди што ги налага СЗО, 10 илјади евра за адаптација на просторот се донација од Општина Битола, за што на вонредна седница, советниците едногласно ја донесоа оваа одлука.
-Веројатно Министерството ќе го промени алгоритмот и ќе има потреба од уште поголем број тестирања. Имаме најави од пациенти кои што ќе одат на лекување во Скопје, ќе им се бараат вакви резултати. Веќе имаме најави дека за патување во странство, Грција , Хрватска, претпоставувам и за други држави, ваков резилтата не постар од 72 часа ќе биде како пасош, рече Елизабета Крстевска, директор на Центар за јавно здравје-Битола од почеток до 37
Микробиолошката лабораторија во Центарот за јавно здрваје е во функција веќе 4 години, а со доопремувањето сега ќе се овозможи побрза обработка на земениот материјал за тестирање и ќе се избегне долгото чекање на резултатите, но исто така ќе се намалат огромните трошоци за секојдневното носење материјали во Скопје. Лабоаторијата треба да биде ставена во функција до крајот на мај.
-Во лабораторијата работи висококвалитетен стручен кадар, предводен од микробиолог и лаборанти со високомедицинска наобразба. Тие успешно и сега работат, а со мала дообука или нивно залагање ќе се прилагодат на новите услови на она што сега го спремаме за детекција на САРС КОВ 2 вирусот, рече Тони Коњановски, епидемиолог од Центар за јавно здравје-Битола.
Во битолската лабораторија дневно ќе с еобработуваат по 50 тестови што е доволно за Југозападниот регион. Освене за корнона вирусот, лабораторијата ќе се користи за современа дијагностика на респираторни, вирусни и други инфекции.
Емилија Мисирлиевска