Микиќ: Нема потреба од стигматизација

Граѓаните мора да останат присебни, не треба да ги осудуваат и стигматизираат лицата кои се заразени или пак оние кои се во самоизолација и не смат да ја потценат или банализираат  вирусот и епидемијата, смета епидемиологот д-р Владимир Микиќ.

„ Секој од нас може да се зарази и да заболи.  Нема потреба од стигматизација. Нема потреба да создаваме паника. Но не смее ниту да го потценуваме вирусот“, рече д-р Микиќ.

Тој нагалси дека граѓаните мора да се придржуваат до препораките, да ги мијат рацете често и темелно, да избегнуваат затворени простории и групирање.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ